сабота, 31. октомври 2020. Вести денес: 52
home Фудбал

Премиер лигата за реформите: Некои од објавените предлози можат да бидат поразителни

Премиер лигата за реформите: Некои од објавените предлози можат да бидат поразителни

Премиер лигата издаде соопштение во врска со информациите за можни реформи во англискиот фудбал.

„Телеграф“ денес ги објави деталите за драматичниот проект за иновации, инициран од Ливерпул и Манчестер јунајтед.

Меѓу предлозите е и намалување на Премиер лигата од 20 екипи на 18, да се откажат Лига купот и Суперкупот на ФА, да се смени структурата на финансирање и да се издвојат дополнителни пари за англиската фудбалска лига.

-Англискиот фудбал е најпопуларен во светот, со енергична, динамична и конкурентна лигашка структура која привлекува интерес во целиот свет.

За да останеме на такви позиции, важно е сите да работиме заедно.

И Премиер лигата и ФА поддржуваат широка дискусија за иднината на фудбалот, вклучувајќи ја структурата на турнирот, календарот и целокупното финансирање, особено во светло на влијанието на коронавирусот.

Фудбалот има многу засегнати страни, затоа треба да се работи преку соодветни канали што ќе им овозможат на сите клубови и засегнати страни да придонесат.

Во Премиер лигата, голем број индивидуални предлози во планот објавени денес може да имаат поразителен ефект врз целата игра, и ние сме разочарани што Рик Пари, претседател на ЕФЛ, ја даде својата официјална поддршка, се вели во соопштението на лигата.

Коронавирус