вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 76
home Фудбал

Прандели победата над Јувентус ја посвети на навивачите на Фиорентина

Прандели победата над Јувентус ја посвети на навивачите на Фиорентина

Тренерот на Фиорентина, Чезаре Прандели им ја посвети на своите навивачи победата над Јувентус со 3:0 остварена синоќа на теренот на противникот.

– Оваа победа им ја посветуваме на нашите навивачи. Тие се секогаш со нас и ги преживуваат тешките моменти на клубот. Се надевам дека овој резултат може да покаже дека работиме напорно. Бевме наградени за нашиот труд. Играчите го покажаа својот карактер. Јасно е дека сега сме на место на табелата кое не го посакуваме, изјави Прандели за „Фудбал Италија“.

Фиорентина е 14-та во италијанскиот фудбалски шампионат со 14 бода. Јувентус е на четвртото место со 24 бода.

Коронавирус