понеделник, 18. ноември 2019. Вести денес: 92
home Фудбал

Познато кој ќе седне на клупата на Јувентус

Познато кој ќе седне на клупата на Јувентус

Претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, наводно веќе му понудил директорска функција во таборот на „Старата дама“ на Андреа Пирло.

Информацијата први ја обелоденија Тутоспорт, кои пишуваат дека Пирло веќе ја има понудата и размислува за неа.

Поранешниот играч на Јувентус и Милан, бил опција за Сари доколку пристигне, па да го прати Пирло да работи во таборот до 23 години, кој се натпреварува во Примавера.

Се уште е неизвесно дали Сари ќе биде наследникот на Масимо Алегри, но доколку биде, големи се шансите тоа да го натера во Јувентус да дојде и Андреа Пирло.

Пирло има 119 настапи за Јувентус во 4 сезони, тим со кој подигна четири трофеи во црно-белиот дрес.