петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Познато кога ќе започне новата сезона на англиската фудбалска Премиер лига

Познато кога ќе започне новата сезона на англиската фудбалска Премиер лига

Новата сезона во англиската фудбалска Премиер лига ќе стартува на 14 август и треба да заврши на 22 мај идната година.

Другите професионални англиски фудбалски лиги треба да започнат осум денови порано, на 6 август.

До крајот на актуелната сезона во Премиер лигата преостануваат уште девет кола, а Манчестер сити е лидер на табелата со 71 бодови, 14 повеќе од градскиот ривал Манчестер јунајтед на второто место. (МИА)

Коронавирус