петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 17
home Фудбал

Познато кога Агуеро ќе дебитира за Барселона

Познато кога Агуеро ќе дебитира за Барселона

Аргентинската ѕвезда Серхио Агуеро дојде летово како големо засилување на Барселона, но се повреди и сѐ уште нема дебитирано за Каталонците, па шпанските медиуми конечно најавија кога навивачите ќе го видат одличниот голгетер во дресот на славниот клуб.

Агуеро после една деценија во Манчестер сити каде стана најдобар стрелец на сите времиња во овој премиерлигаш се пресели во Барса со желба да игра со својот кум Лионел Меси, но иконата на Барса си замина во ПСЖ, а потоа популарниот Кун се повреди.

Тој веќе подолго време влече повреда на мускулот на потколеницата и рехабилитацијата се одолговлечи со цел комплетно да се санира таа повреда, па Агуеро го чека уште неколку недели пауза пред да се појави на теренот. Неделава сигурно нема да игра, против Бенфика во ЛШ и против својот екс-клуб Атлетико Мадрид викендов, а според најавите после двонеделната пауза за мундијалските квалификации би требало да е подготвен.

Тоа значи дека дебито би требало да го има против Валенсија, која е прв противник после паузата за репрезентациите.

Локални избори 2021