недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Познато каква казна доби асистентот на Сари поради провокациите кон Мурињо

Познато каква казна доби асистентот на Сари поради провокациите кон Мурињо

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) го казни со парична казна од 6.000 фунти помошниот тренер на Челзи, Марк Јани, за инцидентот што го предизвика на натпреварот против Манчестер јунајтед на „Стенфорд бриџ“.

Асистентот на тренерот Маурицио Сари непримерно се однесуваше во финишот на натпреварот и го испровоцира тренерот на Јунајтед, Жозе Мурињо.

Иако Мурињо потврди дека веднаш добил и го прифатил извинувањето од страна на Сари и Челзи, сепак, клубот беше критикуван во англиските медиуми, а ФА покрена истрага.

МИА

Коронавирус