недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 74
home Фудбал

Познато е колку време Роналдо нема да игра, фудбалерот се огласи по повредата

Познато е колку време Роналдо нема да игра, фудбалерот се огласи по повредата

Кристијано Роналдо во вчерашниот натпревар од квалификациите за Европското првенство помеѓу Португалија и Србија се повреди во 30-тата минута од натпреварот и мораше да биде заменет.

Најдобриот играч на Португалија и капитен на таа земја мораше еден час од клупата да го гледа натпреварот против Србија, а на крајот не можеше да биде премногу среќен затоа што неговата селекција освои само бод (1:1).

Во јавноста веднаш се појавија гласини за тоа колку време би можел да отсуствува, а навивачите на Јувентус стравуваа дека би можел да го пропушти двомечот со Ајакс во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Меѓутоа со изјавата после натпреварот Роналдо ги израдува и порача дека би требало да биде спремен за две недели.

„Не сум загрижен, ниту исплашен за повредата. Ова е фудбал и се случуваат такви работи. Јас добро го познавам моето тело и верувам дека за две недели ќе биде целосно опоравен“, изјави Роналдо во микс зоната.

Интересно е што Роналдо не сакаше да зборува за српските медиуми кои само ги одмина, а изјавата ја даде само за португалските.

Роналдо веќе денес би требало да се врати во Торино со оглед на тоа дека репрезентативните обврски за квалификациите за ЕП завршуваат и со рехабилитацијата се очекува да продолжи во Италија.

Коронавирус