среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 169
home Фудбал

Познато е колку милиони ќе чини отказот на Куман, Барса со ултиматум до Холанѓанецот

Познато е колку милиони ќе чини отказот на Куман, Барса со ултиматум до Холанѓанецот

Бордот на директори на Барселона има средба, се говори дека дел од директорите бараат Роналд Куман да добие отказ, додека пак дел преферираат на стратегот да му биде дадена уште една шанса.

Поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампиони сериозно го разниша столчето на Роналд Куман. Бордот на директори на Барселона има средба на која се дискутира за иднината на стратегот.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека дел од директорите бараат Холанѓанецот веднаш да добие отказ и покрај тоа што ваквиот потег ќе чини 12 милиони евра.

Дел од директорите пак преферираат Роналд Куман да добие уште еднаш шанса и да го подобри впечатокот на следните неколку натпревари.

Се верува дека Жоан Лапорта ќе бара веднаш да се подобри имиџот на тимот, не е загрижен од поразот од Баерн, туку од начинот на кој Барселона изгубила.

Роналд Куман сега ќе треба против Гранда, Кадиз, Леванте и Бенфика да донесе посакани резултати, но и убава игра за око. Сепак, стратегот може да добие отказ многу порано, доколку раозчара уште на првиот или првите два натпревари.

Локални избори 2021