четврток, 12. декември 2019. Вести денес: 0
home Фудбал

Познато е каде Македонија би играла на ЕП 2020 – во групата нѐ чека Италија

Познато е каде Македонија би играла на ЕП 2020 – во групата нѐ чека Италија

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ќе ги заврши квалификациите, но главните мечеви на оваа генерација ќе бидат во март преку баражите во Лигата на нации преку кои ќе бараме историски пласман на Евро 2020, кое ќе се одржи во 12 градови низ Европа.

Но, иако допрва треба да се избориме за пласман на континенталниот шампионат, поради низата рестрикции, полудиригираната ждрепка и фактот дека се игра низ цел континент, на 11 дена пред ждрепката закажана за 30 ноември во Букурешт, уште сега е познато каде би можела да игра Македонија – тоа е Рим и Баку.

Ако победиме во Д-сегментот во Лигата на нации ќе бидеме во групата А во која домаќини се италијанската и азербејџанската престолнина.

Македонија во март е домаќин на Косово во полуфиналниот бараж, а потоа во финале би се соочила, ако го мине северниот сосед, со победникот од дуелот Грузија – Белорусија. А за локацијата на завршната пресметка за виза на Евро 2020 ќе дознаеме в петок на ждрепката за овие баражи.

Според пропозициите за ждрепката, на Евро 2020, земјите кои се пласирани, а имаат градови домаќини автоматски се сместуваат во својата група, па тоа остава малку простор за маневар. Плус кога ќе се додадат рестрикциите, кој со кого (не) може да се падне, како на пример Русија со Украина, или евентуално Косово да не е во група со Русија, Србија…, веќе се извесни групите, некои практично се и пополнети, а на Д-сегментот му падна да биде сигурно во – групата А.

Таму веќе извесно е дека е Италија, која се пласира со максимални десет победи преку квалификациите поради тоа што Рим е домаќин на таа група.

И сега, ако Македонија обезбеди пласман, на ждрепката останува да се види кој може да ни падне, а опцијата е да имаме неверојатна „група на смртта“ со три великани. Зашто од вториот барабан потенцијални ривали се светскиот првак и вицепрвак Франција и Хрватска, како и Полска (со нив бевме во квалификациската група) и Швајцарија, додека од третиот барабан потенцијален ривал како најсилен е европскиот шампион Португалија, а од можните се и Турција, Австрија, Шведска и Чешка.

Ова значи дека ако Македонија се пласира, а на 30 ноември ждрепката посака, може да добиеме страна група со Италија, Франција и Португалија, три светски великани и освојувачи на европското првенство (Италија и Франција се и светски прваци). Може да имаме група со двата ривали од квалификациите – Италија, Полска и Австрија.

РАСПОРЕД ПО БАРАБАНИ
ПРВ ШЕШИР: Италија, Белгија, Англија, Германија, Украина, Шпанија
ВТОР ШЕШИР: Франција, Полска, Швајцарија, Хрватска, Холандија, Русија
ТРЕТ ШЕШИР: Португалија, Турција, Австрија, Данска, Шведска, Чешка
ЧЕТВРТИ ШЕШИР: Финска, Унгарија, плејоф А, плејоф Б, плејоф Ц, плејоф Д

РАСПОРЕД НА ГРУПИ ПО ГРАДОВИ
ГРУПА А: „Олимпико“ – Рим, Олимписки стадион – Баку
ГРУПА Б: Крестовски – Санкт Петербург, Паркен – Копенхаген
ГРУПА Ц: Јохан Кројф Арена – Амстердам, Национална Арена – Букурешт
ГРУПА Д: Велмбли – Лондон, Хампден парк – Глазгов
ГРУПА Е: Сан Мамеш – Билбао, Авива – Даблин
ГРУПА Ф: Алијанц Арена – Минхен, Ференц Пушкаш – Будимпешта
– домаќините автоматски се сместуваат во групите, Италија во Рим, Русија и Данска во Санкт Петербург и Копенхаген, Холандија во Амстердам, Англија во Лондон… Ако има две селекции домаќини во групата, со ждрепка ќе се решава меѓусебната пресметка на кој стадион ќе се игра

ЖДРЕПКА ЗА ЕВРО 2020

ГРУПА А: Италија; Франција/Полска, Швајцарија/Хрватска (2 шешир); Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка (3 шешир); победник лига Д (Македонија)

ГРУПА Б: Белгија, Данска, Русија, Финска

ГРУПА Ц: Украина, Холандија, Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка (3 шешир); победник лига А

ГРУПА Д: Англија, Франција/Полска, Швајцарија/Хрватска (2 шешир); Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка (3 шешир); победник лига Ц

ГРУПА Е: Шпанија, Франција/Полска, Швајцарија/Хрватска (2 шешир); Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка (3 шешир); победник лига Б

ГРУПА Ф: Германија, Франција/Полска, Швајцарија/Хрватска (2 шешир); Португалија/Турција/Австрија/Шведска/Чешка (3 шешир); Унгарија