вторник, 26. октомври 2021. Вести денес: 191
Во живо

Вонредна пресконференција на ВМРО-ДПМНЕ: Објава на нови шокантни детали од злоупотребата на институциите со цел притисок врз граѓаните да гласаат за СДСМ

home Фудбал

Познати судиите кои ќе и судат на Македонија на натпреварите против Ерменија и Романија

Познати судиите кои ќе и судат на Македонија на натпреварите против Ерменија и Романија

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде домаќин на два од трите септемвриски натпревари во квалификациите за Светското првенство (СП) кое ќе се игра во 2022 година.

Прв домашен меч за Македонија во септември е против селекцијата на Ерменија ,a nа дебито на Благоја Милевски ќе суди португалскиот арбитар Артур Диаз, а ќе му помагаат Руи Таварес и Пабло Соарес.

За првпат по плеј-офот против Косово, во Скопје на Арената „Тодор Проески“ ќе има ВАР. Во собата ќе бидат Жоао Пињеро и Луис Кампос, двајцата од Португалија.

За натпреварот против Романија закажан на 8 септември на центарот ќе стои реномирано европско име. УЕФА го делегира Матеу Лахоз, шпанскиот делител на правдата кој судеше во финалето на Лигата на шампионите меѓу Челзи и Манчестер Сити, исто така беше и дел од ЕП 2020.

Помошници ќе му бидат Пау Норберт Себријан Дејвис и Роберто Диаз Перез Дел Паломар, четврти судија е Хозе Луис Мунуера Монтеро, а во ВАР-собата се Хуан Мартинез Муниера и Диего Барберо Севиља.

Локални избори 2021