вторник, 29. септември 2020. Вести денес: 50
home Фудбал

Познати се сите учесници од групната фаза на Лигата на шампионите

Познати се сите учесници од групната фаза на Лигата на шампионите

По завршувањето на плејофот познати се сите учесници во групната фаза од фудбалската Лига на шампиони. Последни место во елитата синоќа обезбедија Бенфика, Црвена ѕвезда и ПСВ Ајндховен.

Учесници во ЛШ за сезона 2018/19:

Од Шпанија: Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона и Валенсија.

Од Германија: Баерн Минхен, Шалке, Борусија Дортмунд и Хофенхајм.

Од Англија: Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Ливерпул и Тотенхем.

Од Италија: Јувентус, Наполи, Рома и Интер.

Од Франција: ПСЖ, Олимпик Лион и Монако.

Од Русија: ЦСКА Москва и Локомотив Москва.

Од Португалија: Порто и Бенфика.

Од Украина: Шахтјор.

Од Белгија: Клуб Бриж.

Од Турција: Галатасарај.

Од Чешка: Викторија Плзен.

Од Швајцарија: Јанг Бојс.

Од Холандија: Ајакс (Холандија) и ПСВ Ајндховен.

Од Грција: АЕК Атина.

Од Србија: Црвена ѕвезда.

 

Жрепката за групната фаза ќе почне вечер во 18 часот.

Коронавирус