вторник, 3. август 2021. Вести денес: 91
home Фудбал

Познати единаестмината со кои Ангеловски ќе им се спротивстави на Холанѓаните

Познати единаестмината со кои Ангеловски ќе им се спротивстави на Холанѓаните

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски ќе почне со офанзивен состав на денешниот дуел со Холандија во последниот настап на „црвено-жолтите“ на ЕВРО 2020.

Во формацијата 4-2-3-1, на голот ќе биде Столе Димитриевски, во последната одбранбена линија се Дарко Велковски и Висар Муслиу, Стефан Ристовски и Езѓан Алиоски ќе бидат на бековските позиции, последни играчи за врска ќе бидат Аријан Адеми и Енис Барди, Елиф Елмас плеј, Иван Тричковски, Александар Трајковски и Горан Пандев ќе бидат во нападот.

Средбата е од третото коло во Ц-групата и ќе се игра од 18 часот во Амстердам.

Коронавирус