петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 14
home Фудбал

Позната следната дестинација на Буфон

Позната следната дестинација на Буфон

Легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон се наоѓа пред трансфер во ПСЖ, објавија дел од француските медиуми.

Досегашниот чувар на мрежата на Јувентус може да биде првото засилување за парижаните во престојниот трансфер период.

Се очекува веќе в среда Буфон да го потпише договорот со својот нов клуб.

40-годишниот голман најави неговото заминување од Јувентус на крајот од сезоната, но се уште не одлучил дали да ја продолжи својата кариера.

Претходно ПСЖ истакна дека главен голман на тимот за следната сезона ќе биде Алфонс Ареола.

МИА

Коронавирус