петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 60
home Фудбал

Позната е годишната плата на Јирген Клоп

Позната е годишната плата на Јирген Клоп

Јирген Клоп потпишал нов договор со Ливерпул на крајот на 2019 година, кој треба да трае до летото 2024 година.

Одличниот германски тренер го оживеа клубот од „Енфилд“ и за нешто повеќе од пет години го направи еден од најсилните тимови на светот. Клоп го однесе тимот во финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа пред да го освои ЛП во 2019 година, а минатата сезона му ја донесе на клубот титулата на Англија по 30 години.

По освојувањето на Лигата на шампионите, Клоп добил годишна плата од дури 18 милиони евра, што го прави еден од најплатените тренери на светот. Но, тоа не е сè што заработува Германецот годишно.

Франс Фудбал објави дека Клоп заработува уште осум милиони евра годишно од спонзорски договори, со што неговата годишна плата се искачува на огромни 26 милиони евра. Клоп ги промовира британски Sky, Opel и VR-Bank и е заштитно лице на пивото Ердингер Висбрау.

Сникерс ќе се рекламира и за време на Европското првенство ова лето, а вредноста на тој договор не е позната. Клоп нема профили на социјалните мрежи и ја одбил понудата на Амазон за Ливерпул да учествува во серијата „ All Or Nothing “, што навлегува во приватноста на фудбалските клубови.

Иако има огромен договор, Клоп не е најплатениот. Таа титула сè уште ја држи Диего Симеоне, кој добива 22 милиони евра годишно од Атлетико.

ЕУРО 2020

Македонија