Фудбал

Познат датумот кога Франс Фудбал ќе ја додели „Златната топка“

Познат датумот кога Франс Фудбал ќе ја додели „Златната топка“

Најпрестижното индивидуално внимание секогаш се наоѓа во центарот на вниманието во првиот дел од секоја нова натпреварувачка сезона, но следната ќе биде уште поинтересна бидејќи оваа година церемонијата ќе се одржи порано од предвиденото.

„Франс Фудбал“ и „Лекип“ денеска објавија дека 69-то издание на „Златната топка“ ќе биде одржано на 22 септември, што е за еден месец порано од настанот кој беше одржан на крајот на месец октомври минатата година.

Во објавата на медиумите кои го организираат настанот се наведува дека сите кандидати за највисок пласман ќе бидат објавени во текот на месец август, но уште отсекога познато е кои фудбалери треба да бидат во потесен круг.

Рафиња и Ламин Јамал се фаворити за престижното признание како членови на Барселона, Лаутаро Мартинез сигурно ќе биде при врвот, а свои шанси треба да имаат и Мо Салах од Ливерпул и Усман Дембеле од ПСЖ.

Родри поради тешката повреда на коленото нема да биде ниту еден од кандидираните, додека Винисиус Жуниор имаше разочарувачка сезона и сигурно нема да биде ниту во топ 10.

To top