вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 1
home Фудбал

Повредениот Халанд ќе паузира до Божик

Повредениот Халанд ќе паузира до Божик

Напаѓачот на бундеслигашот Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд најверојатно ќе отсуствува од фудбалските терени до Божик, најави неговиот татко Алф-Инге за норвешката телевизија ТВ2.

-Тој е релативно добро со оглед на ситуацијата, но ќе паузира уште извесно време. Би било бонус кога би заиграл пред Божик, но тоа е малку веројатно, изјави Алф-Инге Халанд.

Норвешкиот голгетер е надвор од терените од 20 октомври кога го повреди колкот на натпреварот против Ајакс.

Халанд поради мускулна повреда паузираше и во септември, но, сепак, 21-годишниот напаѓач сезонава постигна 13 голови во сите натпреварувања.

Борусија Дортмунд е второпласирана во Бундеслигата со бод помалку од лидерот Баерн Минхен. (МИА)

Коронавирус