четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Повредата на Салах му донесе тужба: Од Рамос се бара оштета од милијарда евра (ВИДЕО)

Повредата на Салах му донесе тужба: Од Рамос се бара оштета од милијарда евра (ВИДЕО)

Во саботата е одигран финалниот натпревар од Лигата на шампионите меѓу Реал Мадрид и Ливерпул, а покрај победата на Реал, мечот остана забележан и по раната повреда на Мохамед Салах.

Таа повреда, односно невнимателниот потег на Серхио Рамос, многумина го окарактеризираа како намерен, па на адреса на Рамос стигнаа бројни навреди и закани, а еден човек од Египет отиде чекор подалеку и одлучи да го тужи Рамос. Тој во својата тужба бара оштета од една милијарда евра.

Имено, уште во 26 минута на натпреварот, Рамос и Салах беа во еден дуел после кој двајцата тргнаа да паѓаат на тревникот, а во падот фудбалерот на Реал го фати одличниот фудбалер на Ливерпул намерно за рака и практички го повреди.

Салах незгодно падна и веднаш во тој момент многу претпоставија дека за Салах натпреварот е завршен. Иако одличниот напаѓач се обиде да го продолжи натпреварот болката беше пресилна и тој во 31-та минута  теренот го напушти во солзи.

-Рамос намерно го повреди и Салах и тој мора да ги сноси последиците поради тоа. Поднесов жалба до Фифа во која барам оштета од милијарда евра поради психичката и физичката болка која Рамос му ја нанесе на Салах, но и на останатите луѓе во Египет, ја објаснува Басем Вахба причината поради која ја поднел жалбата.

Освен таа жалба, во понеделникот наутро исто така е покрената петиција до Уефа за Рамос да биде казнет, а сега веќе на петицијата се потпишаа преку 300.000 луѓе. Во барањето на петицијата се потенцира дека Рамос е пример за одвратен играч и дека како таков мора да биде казнет.

Коронавирус