сабота, 15. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Потреси во Мадрид, се бара оставка на Флорентино Перез

Потреси во Мадрид, се бара оставка на Флорентино Перез

Не стивнуваат критиките кон претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез поради неговата водечка улога во Суперлигата.

Перез требаше да биде претседател на новиот турнир Суперлига, кој заврши неславно, па сега се бара негова одговорност.

Поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон побара Перез да си поднесе оставка од претседателската позиција во „кралскиот“ клуб.

„Тоа е лудо. Го направија без да размислат, на глупав начин. Мило ми е што ќе пропадне, затоа што така направија предавство. Не можам да замислам дека било кој фудбалер ќе ја прифатеше лигата и ќе се откажеше од националниот тим“, вели Калдерон.

„Оставката на Перез би бил достоинствен начин по големиот неуспех затоа што го направи тоа. Но, не очекувајте такво нешто од него. Се обидува без никакви права да биде газда на фудбалот и Реал. Го киднапираше Реал“, додаде Калдерон.

Коронавирус