недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 41
home Фудбал

„Постигнав 27 гола а Реал ги донесе Кака и Бензема, си реков, не е можно, колку погодоци треба да дадам?“

„Постигнав 27 гола а Реал ги донесе Кака и Бензема, си реков, не е можно, колку погодоци треба да дадам?“

Гонзало Игуаин проговори за својот престој во Реал Мадрид, Аргентинецот вели дека тоа што делел соблекувална со Карим Бензема му помогнало многу да напредне како фудбалер.

Во разговор со ЕСПН, Гонзало Игуаин говореше за својата авантура во Реал Мадрид, Аргентинецот пристигна на „Сантијаго Бернабеу“ со само 19 години.

-Не требаше да бидам дел од првиот тим на Реал Мадрид, планот беше да бидам дел од Кастиља или пак да заминам на позајмица. Во авионот, татко ми ми рече, „Барам само една работа од тебе, немој да се плашиш. Никогаш немој да се плашиш, но имај почит кон сите“. Овие зборови засекогаш останаа врежани во моите мисли, вели Аргентинецот.

-Кога пристигнав, почнав да тренирам со првиот тим, и веќе на вториот тренинг, Фабио Капело ми рече „Остануваш со нас“. Три или четири дена подоцна, дебитирав како стартер во Копа дел Реј, играв како десно крило“.

-Не очекував дека со 18 години ќе играм шест месеци во Ривер и потоа ќе направам трансфер во Реал Мадрид. Очекував дека ќе одиграм неколку сезони во Ривер, ќе играм Копа Либертадорес па потоа трансфер во Европа. Не беше лесно да се влезе во тимот на Реал, особено не со 18 години“.

За тоа колку голема конкуренција имало во тимот, тој вели: „Годината кога Роналдо пристигна, јас постигнав 27 погодоци, тој постигна 26 погодоци. Потоа ги донесоа Кака и Бензема. Се реков, „Не е можно. Колку голови треба да постигнам?“ Редовно ги тресам мрежите, а Реал ги носи Бензема и Кака“.

-Со Бензема имавме здрава конкуренција, двајцата го дававме максимумот. Карим помогна јас да го прикажам најдоброто од себе, а јас помогнав тој да го прикаже најдоброто од него. Бензема е страшна 9-ка.

Гонзало Игуаин сепак направи мала грешка, Кака и Бензема пристигнаа во Реал Мадрид истото лето кога беше купен и Кристијано Роналдо.

Локални избори 2021