среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 37
home Фудбал

Последните мигови од љубовната приказна на Буфон и Јуве: Со емотивно видео Јувентус и се заблагодари на својата легенда

Последните мигови од љубовната приказна на Буфон и Јуве: Со емотивно видео Јувентус и се заблагодари на својата легенда

Заврши можеби една од најубавите љубовни приказни во фудбалот, приказна за која можеби треба и филм да сними, приказна во која главните улоги се Џанлуиџи Буфон и неговата љубов Јувентус.

Приказна која би можела да почне да се снима од 2006 година, тогаш Буфон убедливо најдобар светски голман, светски шампион со Италија, а фудбалер кој по крајот на Светското првенство заминува да игра во втора лига. Причина- љубовта кон Јувентус.

Одби многу пари, понуди од многу европски великани остана верен на својот Јувентус, но дојде моментот за разделба, 40 годишниот Буфон го заврши пишувањето на својата приказна со Јувентус.

Вчера тој го одигра последниот натпревар торинскиот клуб, играта ја напушти во 63-тата минута, на стадионот можеби и немаше човек кој не плаче, а на теренот плачеше Буфон.

Јувентус на својот Фејсбук профил сподели видео од последните мигови на Буфон како фудбалер на Јувентус:

Коронавирус