среда, 28. јули 2021. Вести денес: 154
home Фудбал

Последните часови од животот на Астори: Голманот Спортиело ги откри последните зборови на фудбалерот

Последните часови од животот на Астори: Голманот Спортиело ги откри последните зборови на фудбалерот

Калчото тагува, капитенот на „Виолетовите“ Давиде Астори вчера почина на 31 годишна возраст. Првичните прогнози се дека настанала природна смрт, дефанзивецот доживеал срцев удар додека спиел. Но полицијата не остава ништо на случајноста па доследно ги испитува сите опции.

Токму истрагата на карабинерите ги открива последните часови од животот на Давиде Астори.

Експедицијата на Фиорентина слетала на аеродромот во Трст во 16:30 часот, а еден час подоцна се сместила во хотелот Ла Ди Морет во Удине. Фудбалерите заедно го гледале дуелот помеѓу Лацио и Јувентус, а по вечерта го проследиле и мечот помеѓу Наполи и Рома. Во 22:30 часот, откако разменил неколку шеги со колегите, Давиде Астори се упатил во собата на голманот Спротиело на партија плеј-стејшн каде се задржал до 23 часот и потоа заминал во сопствената соба да спие.

„Ги остави копачките во мојата соба” – им открил Спортиело на карабинерите. „Па му пишав да дојде и да ги земе. Ми одговори дека ќе помине следното утро“.

Копачките сепак останале таму, и заедно со другите лични работи на дефанзивецот биле собрани од полицијата, и ќе им бидат вратени на семејството откако ќе заврши истрагата.

Драмата го хотелот започнала нешто по 9:25 часот кога целата експедиција на Фиорентина седела на маса за доручек и недостасувал само Давиде Астори. Кога некој спомнал дека недостасува Астори, никој не можел да поверува бидејќи капитенот секогаш прв доаѓал. Еден од масерите веднаш се упатил кон собата да провери што се случува, и кога тропнал на вратата не се слушало ништо од внатрешноста. Потоа почнал погласно да тропа и да вика, ѕвонеле и на телефонот на играчот и кога немало никаков одговор почнала да се шири паника. Веднаш го повикале докторот, пристигнал и вработен во хотелот за да ја отвори вратата. Тоа биле драматични и ужасни моменти: Астори лежел во креветот, делумно покриен. Докторот не се ни обидел да го оживее бидејќи било јасно дека со часови е мртов.

Ваквите шокантни вести веднаш им биле пренесени на тренерот и играчите. Пиоли со трчање се упатил во собата 118, каде веќе бил тим менаџерот Марангони, двајцата биле во неверица и лиеле солзи. Играчите исто така не можеле да поверуваат. Од почит никој не влегол во собата но сите биле во ходникот, прегрнати и со солзи во очите. Многумина од нив се јавиле на своите најблиски за да ги известат за трагедијата. Исто така веднаш биле известени и браќата Дела Вале (сопствениците на клубот), претседателот Коњињи, спортскиот директор Корвино, како и сите директори кои останале во Фиренца.

24fudbal.com.mk

 

Коронавирус