недела, 27. септември 2020. Вести денес: 97
home Фудбал

После два месеци од трагедијата се огласи семејството на Астори

После два месеци од трагедијата се огласи семејството на Астори

Фудбалскиот свет пред два месеци го погоди трагичната смрт на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, кој почина пред натпреварот против Удинезе.

Тој 4 март Фиорентина требаше да игра на гостински терен против Удинезе, а на доручекот пред натпреварот се појавија сите освен Астори кои вообичаено секогаш бил прв тука. Кога влегле во собата на Астори дочекале вистински шок…

Астори беше погребан неколку дена подоцна во Фиренца, а кон вечното почивалиште го испратија повеќе од 10.000 навивачи на Фиорентина и многу спортисти од целиот свет. Од неговата смрт поминаа два месеци, а неговото семејство дури сега собра сили да се огласи во јавноста.

Зад Астори останаа неговата сопруга Франческа и двегодишната ќерка Викторија. Франческа и остатокот од неговото семејство сега се огласија во јавноста со соопштение преку кое им се заблагодаруваат на сите за поддршката во тешките моменти.

„Ви благодариме. Тоа е кратко и едноставно, токму каков што беше Давиде. Сакаме да ви се заблагодариме на сите кои бевте со нас во тој 4 март. Одлучивме тоа да го направиме на ваков едноставен начин, како што тоа Давиде го правеше, со насмевка. Ви благодариме на сите од срце. Семејството на Астори, Франческа и Викторија“, стои во соопштението.

Коронавирус