вторник, 21. август 2018. Вести денес: 122
home Фудбал

Португалија најпопуларна репрезентација на социјалните мрежи

Португалија најпопуларна репрезентација на социјалните мрежи

Репрезентацијата на Португалија е најпопуларниот тим на Светското првенство 2018 година, според податоците од социјалните мрежи. Како што објави „Марка“, португалските репрезентативци имаат околу 360 милиони фанови на Фејсбук, Твитер и Инстаграм.

Португалскиот на Мундијалот ќе игра во групата Б со Шпанија, Мароко и Иран.

Што се однесува до играчите, Кристијано Роналдо има околу 320 милиони следбеници на интернет мрежите.

На второто место на оваа листа е бразилската ѕвезда Нејмар (192 милиони), додека трет е аргентинскиот капитен Лионел Меси (181 милиони).

Светското првенство почнува денес и ќе трае до 15 јули.

МИА