четврток, 2. декември 2021. Вести денес: 164
home Фудбал

Португалец ќе седне на клупата на најбогатиот клуб на светот?

Португалец ќе седне на клупата на најбогатиот клуб на светот?

Фудбалската легенда на Англија, Стив Брус, издржа само неколку седмици на чело на Њукасл, откако клубот од „Сент Џејмс Парк“ заврши во рацете на саудискиот принц. Искусниот стратег по поразот од Тотенхем заработи отказ од менаџерската функција на „страчките“, а тамошните медиуми веќе започнаа со шпекулациите кој ќе биде неговиот наследник.

Се споменуваат многу имиња, меѓу кои Зинедин Зидан и Антонио Конте, но последните информации од Островот велат дека најблиску до клупата на најбогатиот клуб на светот е португалски стручњак Пауло Фонсека.

Наводно нему му е понудена соработка вредна шест милиони фунти по сезона, и наскоро треба да донесе одлука дали ќе ја прифати истата и ќе седне на клупата на англискиот великан.

Фонсека во претходните две сезони ја водеше екипата на Рома, а пред тоа бележеше одлични успеси со Шахтјор Доњецк. Уште беше на чело на Порто и Спортинг Брага, а минатото лето се поврзуваше со доаѓање на клупата на Тотенхем.

Коронавирус