петок, 29. јули 2022. Вести денес: 93
home Фудбал

Порто одби да го продаде Еванилсон на Јунајтед за 65 милиони евра

Порто одби да го продаде Еванилсон на Јунајтед за 65 милиони евра

Раководството на португалскиот фудбалски шампион Порто одби да го продаде напаѓачот Еванилсон на Манчестер јунајтед,

Тамошните медиуми објавија информација дека Порто ја одбил понудата на „црвените ѓаволи“ тешка 60 милиони евра, со можни бонуси од пет милиони евра. Се известува дека Порто сака да добие околу 80 милиони евра за 22-годишниот Бразилец.

Манчестер јунајтед очекува да ја продолжи борбата за играчот и има намера да достави нова понуда во блиска иднина.

Во сезоната 2021/22, Еванилсон постигна 21 гол и пет асистенции на 45 натпревари за Порто.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на играчот на 22 милиони евра.

Коронавирус