петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Порто испрати официјално соопштение за здравствената состојба на Касиљас: „Ќе бидеме секогаш заедно“

Порто испрати официјално соопштение за здравствената состојба на Касиљас: „Ќе бидеме секогаш заедно“

Актуелниот португалски шампион, Порто и официјално потврди дека нивниот голман Икер Касиљас доживеал срцев удар на денешниот утрински тренинг.

Клубот од Лисабон посочи дека ветеранот веднаш бил пренесен во болница, но и воедно соопшти позитивини информации околу неговата здравствена ситуација. Имено Шпанецот е надвор од животна опасност, стабилен е и е решен проблемот со срцето.

Воедно Порто преку социјалните мрежи испрати и јасна порака за својот голман.

-Секогаш заедно. Форца Икер, -се вели во пораката на „Твитер“.

Ова секако е добра вест, ама останува прашањето дали легендата воопшто ќе може да се врати на терените или предвреме ќе мора да и стави крај на импресивната кариера.

Коронавирус