четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 56
home Фудбал

Порто и Борусија Дортмунд се први четврфиналисти во фудбалската ЛШ

Порто и Борусија Дортмунд се први четврфиналисти во фудбалската ЛШ
Фудбалските тимови на Порто и Борусија Дортмунд се први четвртфиналисти во фудбалската Лига на шампиони.  Ова е епилогот по првите реванш осминафинални натпревари одиграни во Торино и Дортмунд.
Иако италијанскиот шампион забележа победа над Порто со 3:2, сепак поразот португалскиот тим е оној кој оди меѓу осумте најдобри бидејќи во првиот меч славеше со 2:1, резаултат кој беше актуелен во регуларните 90-минути од реваншот, но во полза на Јувентус.
Во продолженијата односно 115 минута, Серхио Оливеира постигна прекрасен гол од слободен удар, со што го најави пласманот на португалската екипа во четвртфиналето, па голот на  Рабио во 117 минута беше само мала утеха за „старата дама“ која оствари пирова победа со конечни 3:2. и елиминација од најпрестижното фудбалско натпреварување.
Победата на Борусија на гостувањето во Севилја со 3:2, се покажа како доволна „милионерите„ да се пласираат во следната рунда.
Реаваншот во Дортмунд заврши 2:2, па со вкупен резултат 5:4 германската екипа е во четвртфиналето.
Денес ќе бидат познати уште две екипи кои ќе играат во четвртфиналната рунда откако во Ливерпул англискиот тим ќе стартува со предност од 2:0 оставрена на првата средба против Лајпциг, додека ПСЖ го во Париз ќе ја пречека Барселона која на „Камп Ноу“ за совлада со 4:1 во првиот меч.
Натпреварите започнуваат во стандардниот термин од 21 часот.

ЕУРО 2020

Македонија