четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 47
home Фудбал

Порто го елиминираше Јуве и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Порто го елиминираше Јуве и се пласираше во четвртфиналето на Лигата на шампионите

Фудбалерите на Порто се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите откако во реваншот од осминафиналетпо по продолженијата загубија од домашнито Јувентус со 2:3, користејќи го правилото за постигнати повеќе голови на гостински терен откако во првиот меч дома славеа со 2:1.

Порто поведе веќе во 19 минтуа со голот на Серхио Оливеира од пенал, но торинската „Стара дама“ во продолжението направи резултатски пресврт со погодоците на Федерико Киеза во 49 и 63 минута. Со резултатот 2:1, идентичен со оној од Порто, се отиде во продолженијата, а решавачкиот момент се случи во 115 минута кога Оливеира го постигна својот втор погодок на мечот за 2:2. Само две минути подоцна Адриан Рабио повторно го доведе Јувентус во водсто од 3:2, но до крајот италијанскиот претставник не успеа да постигне уште еден погодок, иако Португалците уште од 55 минута играа со играч помалку кога беше исклучен Мехди Тареми.

Реваншот во Торино требаше да претствува пресвртниза ја Јувентус, кој во домашното превенство е трет со дури десет бодови заостанување од водечкиот Интер, па спасувањето на сезоната го гледаше во Лигата на шампионите. Но по елиминацијата од Порто, веднаш во италијанските медиуми се шпекулира за смена на Андреа Пирло од тренерската позиција. Јувентус и минатата сезона во Лигата на шампионите беше елиминиран во осминафиналето од Лион, додека Порто последен пат играше во четвртфиналето пред две сезони.

И покрај нагаѓањата за составот на екипата, Јувентус започна со Алваро Мората, Кристијано Роналдо и Федерико Киеза во нападот, а Мората веќе во 3 минита имаше стопроцентна шанса, но од пет метри не успеа да ја погоди гостинската мрежа. Четири минути подоцна возврати Порто, кога Мехди Тареми не реализираше од два обида, првиот удар го блокираше Леонардо Бонучи, а вториот стативата од голот на Јуве. Гостите се заканија и во 11 минута, но Отавиот шутираше крај голот. А одличната игра на Порто беше реализирана во 17 минута гога Мерих Демирал го собори Тареми, а Серхио Оливеира од белата точка го совлада Војчех Шчечни. Порто можеше да зголеми водството во 25 минута, кога Жезус Корона шутираше од 15-ина метри, но Шчечни беше на место. Следеше шансата на Мората за израмнување во 28 минута, но Агустин Маршесин, па на поливремето се замина со предност на Порто.

Почетокот на вториот дел донесе неверојатен пресврт. По одличните 45 минути, Порто потоа за само 18 минута успеа да ја испушти предноста. Во овој период гостите примија два погодока и останаа со играч помалку. Јуве успеа да израмни во 49 минута, а повторно како и во Порто стрелец беше Киеза кога на асистенцијата од Роналдо со одличен удар од десетина метри го погоди самиот спротивен горен агол. Пет минути подоцна се случи моментот кој можеше да биде решавачки за натамошниот тек на мечот и за крајниот исход. Тареми го доби вториот жолт картон и Порто по само десет минути од второт полувреме остана со играч помалку. Иранскиот напаѓач ги доби жолтите картони за само три минута, а вториот му беше покажан за посебни глупава реакцина, откако по прекин на играта ја шутна топката на трибините.

Предноста многу брзо ја искористи Јувентус, и Киеза со глава во 63 минтуа ја анулираше предноста на Порто од првиот меч. Во продолжението домашните притискаа беа блиску до третиот гол и пласман во четврфиналето, а последната голема шанса пропадна кога во третата минута од судиското продолжение Хуан Квадрадот ја погоди стативата, па мечот отиде во продолженијата.

Во дополнителното време првио се заканија гостите, Марега во 98 минтуа шутираше со глава од близина но пропушти одлична шанса да го реши мечот. Јуве во првото продолжение повеќе напаѓаше, но не успеа да создаде ниедна изгледна шанса за погодок. Првата озбилна закана по голот на Порто беше во 110 минута кога македонскиот интернационалец со шведски пасош Дејан Кулушевски влезе во гостинскиот шеснаесетник но премногу се двоумеше па неговиот удар стаса да го блокира Мбемба. Три минути подоцна Кулушевски уште еднаш одлично се проби и додаде до Мората, но неговиот удар го запре Маршесин. Реашавачкиот момент се случи во 115 минута кога Оливеира од слободен удар од повеќе до 25 метри го постигна својот втор погодок на мечот за 2:2. Јуве до нова предност дојде две минути подоцна преку Рабио, но повеќе немаше време домашните да ја остварат целта.

ЕУРО 2020

Македонија