четврток, 13. август 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Поранешниот претседател на Барселона стравува дека Меси ќе го напушти клубот

Поранешниот претседател на Барселона стравува дека Меси ќе го напушти клубот

Поранешниот претседател на Барселона, Жоан Лапорта стравува дека капитенот Лионел Меси може да го напушти тимот. Неговиот договор истекува следното лето.

– Сакам тој да остане во 2021 година, но се плашам дека погрешната одлука на раководството може да доведе до неповратни последици. Ова не е БарсаГејт, ова е БартоГејт, изјави Лапорта алудирајќи на аферата што го потресе клубот со наводно плаќање луѓе со цел да бидат оцрнети поранешни и сегашни членови на каталонскиот клуб.

Тој е загрижен дека управувањето на Јосеп Марија Бартомеу го ризикува статусот на клубот. (МИА)

Коронавирус