понеделник, 8. март 2021. Вести денес: 49
home Фудбал

Поранешниот играч на Ливерпул демантира: Не сум уапсен во Москва, сега знаеме дека постои уште еден Даниел Агер

Поранешниот играч на Ливерпул демантира: Не сум уапсен во Москва, сега знаеме дека постои уште еден Даниел Агер

Поранешниот фудбалер на данската репрезентација и на премиерлигашот Ливерпул, Даниел Агер, демантираше вечерва преку социјалните мрежи дека бил приведен за време на протестите на руската опозиција во Москва.

Поранешниот фудбалер објави на својот профил на Твитер дека во моментов е во Шпанија „жив и здрав“.

– Постои мала конфузија околу целата ситуација. Никогаш не сум рекол дека постои само еден Даниел Агер. А сега знаеме и со сигурност дека е така. Даниел Агер поврзан со инцидентот во Москва не сум јас. Јас сум жив и здрав во Шпанија, објави поранешниот фудбалер на Ливерпул.

Неговата реакција следува, откако претходно денеска, рускиот весник „Независија Газета“ објави, повикувајќи се на официјален претставник, дека „маж по име Даниел Монте Агер е задржан во Москва на 23 јануари за време на протестот за поддршка на Алексеј Навални“.

Агер, кој ја заврши професионалната кариера во 2016 година во Брондби, одигра 75 натпревари во дресот на Данска, а за Ливерпул настапуваше од 2006 до 2014 година, освојувајќи го Лига купот во сезоната 2011/2012.

Коронавирус