четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 2
home Фудбал

Поранешниот фудбалер на Вардар стана татко по втор пат

Поранешниот фудбалер на Вардар стана татко по втор пат

Поранешниот фудбалер на Вардар, Влатко Гроздраноски, денеска вторпат стана татко. Тој на „Фејсбук“ се пофали дека сопругата Христина родила ќерка, која ќе се вика Ива.

– Денес, 18 ноември 2020, по втор пат станав татко. Мојата сопруга на свет ја донесе нашата втора ќеркичка Ива. Мила си доби сестричка. Да си жива и здрава ќерко, напиша Влатко.

Неговата прва ќерка Мила се роди лани, на 36. роденден на фудбалерот. Влатко, кој играше за репрезентацијата на Македонија, и Христина, која е поранешен модел, се во брак од 2016 година.

Извор: Репортер.мк

Коронавирус