сабота, 12. јуни 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Поранешниот фудбалер на Интер фрли „бомба“: Лаутаро Мартинез оди во Шпанија

Поранешниот фудбалер на Интер фрли „бомба“: Лаутаро Мартинез оди во Шпанија

Лаутаро Мартинез, фудбалерот на Интер следната сезона би требало да игра за Атлетико Мадрид, јавува шпанска Марка.

Пред една година медиумите го поврзуваа со Барселона, а и со Реал Мадрид, Никола Вентола, некогашниот фудбалер на Интер и сега бизнисмен тврди нема ништо од тие два клуба.

„Еве фрлам една бомба. Лаутаро Мартинез ќе замине во Атлетико Мадрид. Се е завршено тој да оди таму. Ми кажаа дека ќе оди таму и дека се е готово, како и дека ќе има добра плата“- кажа Вентола во разговор со Кристијан Виери.

Само неколку дена порано, агентот Алехандро Камано истакна дека Мартинез е играч на Интер и дека има уште две години договор со клубот.

Со оглед на тоа што Интер стана шампион на Интер, тој клуб е приоритет. Меѓутоа, Интер е во финансиски проблеми поради што добро би им дошол паричен прилив од продажба на играчи.

Атлетико го има Луис Суарез, а освен него не е сигурно што ќе се случува со Жоао Феликс, кој не игра како што се очекува со цената која е платена за него.

ЕУРО 2020

Македонија