среда, 23. септември 2020. Вести денес: 136
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Фудбал

Поранешен потпретседател на ФИФА осуден на девет години затвор

Поранешен потпретседател на ФИФА осуден на девет години затвор

Поранешниот потпретседател на ФИФА, Хуан Анхел Напуд, е осуден на деветгодишна затворска казна заради  рекетирање и корупција во текот на неговиот мандат.

Тој е еден од функционерите на ФИФА кои беа обвинети во рамките на големиот корупциски скандал во Светската фудбалска федерација.  Напут за време на скандалот беше претседател на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ), а пресудата му ја изрече суд во Њујорк.

Во образложението на неговата пресуда се наведува дека е осуден за рекетирање и за учество во заговор за измама. Освен деветгодишната затворска казна, изречена му е и парична казна од 4,3 милиони долари.

Напут е втор висок функционер на ФИФА осуден во овој скандал, откако пред неколку дена на затворска казна од четири години беше осуден и поранешниот претседател на Бразилската фудбалска федереација, Хосе Марија Марин.

Коронавирус