недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Фудбал

Поранешен фудбалер на Ренџерс тепаше човек среде улица (ВИДЕО)

Поранешен фудбалер на Ренџерс тепаше човек среде улица (ВИДЕО)

Поранешниот фудбалер на Глазгов Ренџерс, Начо Ново, беше вмешан во инцидент што се случи на улица. Од објавената снимка може да се забележи како поранешен играч на Ренџерс удира непознато лице.

Сето тоа се случи во близина на Глазгов, кога еден маж беше истуркан од Шпанецот, а потоа и истепан. Поранешниот напаѓач не престана да го удира беспомошниот човек се додека случајни минувачи не го запреа, а воедно на видеото може да се забележи како неговата сопруга го моли да престане да го удира човекот.

Начо е легенда на Ренџерс кој ги бранеше боите на овој клуб од 2004 до 2010 година. За клубот „Иброкс“ постигна 73 гола на 255 натпревари и освои три титули во шкотското првенство.

Коронавирус