петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 13
home Фудбал

Порака за Јувентус: Марсијал сака да го напушти Јунајтед

Порака за Јувентус: Марсијал сака да го напушти Јунајтед

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ентони Марсијал изрази намера да го напушти клубот ова лето.

Тоа го потврди неговиот агент Филип Ламболи, истакнувајќи дека дојде време тој да продолжи понатаму, иако Јунајтед сака да го продолжи договоро.

-Не успеавме да се договориме веќе неколку месеци. Откако ги согледавме сите фактори и можности, Антони сака да го напушти Јунајтед. Ако Јунајтед, најмоќниот клуб на светот, со месеци не сака да пронајде договор, тогаш тие не сакаат да го задржат овој важен играч за тимот, изјави Ламболи.

Марсија минатата сезона постигна 11 гола на 45 настапи, но со доаѓањето на Алексис Санчез во јануари, падна во втор план кај Жозе Мурињо.

Французинот во Јунајтед дојде во 2015. од Монако за 40 милиони евра со можност за раст на трансферот на 65 милиони.

Со Јунајтед освои Лига куп, ФА куп и Лига Европа, а како потенцијална нова дестинација за Марсијал најчесто се споменува италијанскиот гигант Јувентус.