Италијанскиот голман, Матео Волтолини, кој е резервен чувар на мрежата на третолигашот Реџана, беше суспендиран од клубот на една недела, бидејќи во јавноста излезе видео снимка од неговиот секс во тоалет во ноќен клуб.
Волтолини кој има 23 години, не знаел дека некој го снима, па затоа преку адвокат тужи непознат сторител, но видеото кое трае 15 секунди, пред да биде повлечено, стана хит на некои социјални мрежи.
Доколку се најде снимателот, ќе се соочи со казна затвор од една до шест години. Матео во тоалетот бил со неговата девојка Џулиета Ферари, а не бил ниту под дејство на алкохол, но иако не ги прекрши клупските правила, сепак беше суспендиран.