четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Фудбал

Поради протести, фудбалер на Барселона во мали проблеми

Поради протести, фудбалер на Барселона во мали проблеми

Во Барселона владее хаос откако Шпанскиот Суд вчера донесе пресуда против организаторите на изборите за независност на Каталонија, осудувајќи ги на повеќегодишни затвориски казни.

Во текот на вчерашниот ден беа одржани протести на повеќе фреквентни места низ градот, а над илјада луѓе се собраа и пред аеродромот „Ел Прат“, по што беа откажани над сто летови од и кон каталонската престолнина.

Во целиот хаос „настрада“ и Иван Ракитиќ, кој слета во Барселона непосредно пред да почнат протестите, но потоа не можеше да го земе својот автомобил и да си замине од „Ел Прат“. На крајот, фудбалерот на Барса беше принуден да пешачи од аеродромот, а на социјалните мрежи веднаш се појавија фотографии од Ракитиќ како го напушта „Ел Прат“.

Извор: ekipa.mk

 

 

 

Коронавирус