сабота, 26. септември 2020. Вести денес: 18
Во живо

ВО ЖИВО: ПРОТЕСТ ЗА ПОЛИКЛИНИКА ВО БУТЕЛ!

home Фудбал

Поради поразот на Интер се соочува со кошмар: Ми се закнуваат со смрт и силување додека мојот татко е тешко болен

Поради поразот на Интер се соочува со кошмар: Ми се закнуваат со смрт и силување додека мојот татко е тешко болен

Навивачите на Интер не можат да се помират со поразот од Јувентус (2:3) на „Џузепе Меаца“, а како најголем виновник за брзиот пресврт на Јувентус е означен дефанзивецот Давиде Сантон.

Иако му се замерува и на Спалети што при водство на Интер од 2:1 од игра го извади Мауро Икарди, како и на судијата Орсато, тешки денови по поразот на Интер поминува и сопругата на Давиде Сантон.

Клое Сандерсон која е сопруга на Сантон преку друштвените мрежи добила сериозни закани.

-Всушност немам зборови со кои можам да ги опишам некои луѓе. Постојат такви кои посакуваат моја смрт, силување, тешка болест… Сакам да им кажам на тие луѓе дека мојот татко е тешко болен. Во никој случај не е во ред јас да се плашам да останам сама дома и да гледам кога мојот сопруг ќе се врати. Овој пораз никого повеќе не го боли од самиот Давиде, изјави сопругата на Сантон.

Коронавирус