среда, 2. декември 2020. Вести денес: 214
home Фудбал

Поради Марсијал, Челзи не го пушта Вилијан во Јунајтед

Поради Марсијал, Челзи не го пушта Вилијан во Јунајтед

Челзи ги продолжува преговорите со Барселона за продажба на Вилијан, а варијанта за трансфер на Бразилецот во Манчестер Јунајтед е исклучена, пишуваат на Островот.

Каталонскиот клуб го постави крилото на врвот на својата листа за летни трансфери и нема да се откаже лесно.

Кандидат за 29-годишниот Бразилец исто така е Јунајтед, но трансферот на „Олд Трафорд“ е невозможен. По блокирањето на Челзи за Антони Марсијал, „црвените ѓаволи“ се соочија со истиот одговор од „сините“.

Минатата година, Челзи му дозволи на Немања Матиќ да се пресели на „Олд Трафорд“ за 40 милиони фунти, а сега нема намера да ја повтори оваа грешка, а продажбата на Вилијан е можна само во клуб од странство.

Челзи сака 65 милиони фунти за Вилијан во оваа фаза, но тимот од Лондон се подготвени да ја намалат цената за да го продадат Бразилецот на тим надвор од Англија.

Барселона не е подготвена да плати повеќе од 50 милиони фунти.

Каталонците се подготвени да ги задоволат финансиските барања на 29-годишниот фудбалер. Бразилецот сака плата од 8 милиони евра за сезона.

МИА

Коронавирус