среда, 2. декември 2020. Вести денес: 11
home Фудбал

Поради косовското државјанство: Фудбалер на Базел не смее да припари во Русија

Поради косовското државјанство: Фудбалер на Базел не смее да припари во Русија

Натпреварите од петтото коло во групната фаза во Лига Европа се играат утре, а во групата „Ц“, екипата на Базел обезбеди пласман во нокаут фазата, па така за европска пролет ќе се борат Гетафе и Кранснодар.

И тимот на Трабзонспор има теоретски шанси да дојде до нокаут фазата, иако е на дното на табелата со само еден бод, но далеку поголеми се шансите за пласман понатаму за екипите на Гетафе и Краснодар кои имаат по шест, а Базел 10 бода.

Утре, екипата на Краснодар го пречекува Базел, а гостите на овој дуел ќе бидат без нивниот млад крилен играч Едон Жерговa.

Имено, Жерговa има државјанство на Косово и ги брани боите на таа земја, а бидејќи Русија не ја признава независноста на Косово, забранет му е влез на територијата на земјата во која неговиот Базел утре ќе го одигра својот меч.

Инаку, Жерговa е роден во Германија, а ја започна својата фудбалска кариера во Белгија. Во февруари оваа година пристигна во Базел на позајмица од Генк.

Коронавирус