петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 59
home Фудбал

Помина само седум натпревари: Нант го отпушти Доменек

Помина само седум натпревари: Нант го отпушти Доменек

Поранешниот селектор на француската фудбалска репрезентација Рејмонд Доменек доби отказ на клупата на Нант, јавиja француски медиуми, повикувајќи се на анонимен извор близок до францускиот прволигаш.

Доменек, кој од почетокот на неделава е во изолација поради сомневање дека е заразен со коронавирус, е отпуштен по само седум натпревари на клупата на Нант по неговото назначување на тренерското место на крајот од декември.

Нант е во серија од 15 натпревари без победа во француското првенство, вклучувајќи четири нерешени натпревари и три порази под водство на Доменек.

Нант беше прв клуб што Доменек го предводеше од 2010 година, кога со Франција испадна уште во групната фаза на Мундијалот во Јужна Африка. (МИА)

ЕУРО 2020

Македонија