сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 0
home Фудбал

Полска ја преживеа Шпанија на ЕП

Полска ја преживеа Шпанија на ЕП

Во Севиља оваа вечер репрезентациите на Шпанија и Полска одиграа ререшено 1-1.

Алваро Мората го отвори резултатот со голот во 25-тата минута, иако во прв момент и самите Шпанци не беа сигурни дека голот ќе биде поништен заради спорен офсајд.

Но судијата, по прегледаните снимки досуди дека е чист гол. Свидерски имаше шанса за изедначување во 35-тата минута и потоа во 43-тата минута со асистенција до Левандовски кога Симон успеа да го одбрани неговиот директен шут кон голот.

Полска конечно го изедначи резултатот во 54-тата минута преку Роберт Левандовски и тоа повторно во спорна ситуација, кога судијата Орсато виде дека има минимален допир на топката со рака, а потоа од ВАР собата оценија дека голот е важечки.

Кратко траеше радоста на полјаците на израмнувањето, кога Орсато покажа на белата точка и повторно во спорен момент на недозволен контакт. Морено не успеа да ја доведе Шпанија во водство кога од пеналот само ја погоди стативата.

Потоа шанси имаа и двата тима, но ниту една не беше реализирана во гол. Во последното коло на Полска и треба победа против Шведска за пласман во осминафиналето, додека Шпанија останува на домашен терен каде ја пречека Словачка.

Коронавирус