петок, 29. септември 2023. Вести денес: 75
home Фудбал

Политиката го победи фудбалот: Косовската полиција не ги пушти фудбалерите на Црвена звезда да влезат во Косово

Политиката го победи фудбалот: Косовската полиција не ги пушти фудбалерите на Црвена звезда да влезат во Косово

Генералниот директор на Црвена Звезда, Звездан Терзиќ со приватен автомобил ја предводеше делегацијата на клубот до границата со Косово, а зад џипот беше автобусот со фудбалерите на српскиот шампион.

Сепак, Србите имале забрана за влез на косовска територија, а тоа го потврди и генералниот директор.

„Имаме забрана за влегување на територија на Косово, причината не ја знаеме. Забраната е од Владата на Косово“, откри Терзиќ за медиумите.

Фудбалерите на Ц. Звезда треба да одиграат меч во Косово во српскиот Куп со Трепча.

Видеото можете да го погледнете тука.