среда, 2. декември 2020. Вести денес: 60
home Фудбал

Полицијата истражува: Страшни мигови за Германецот, на Кариус и целото негово семејство им се закануваат со смрт

Полицијата истражува: Страшни мигови за Германецот, на Кариус и целото негово семејство им се закануваат со смрт

Лорис Кариус во финалето направи две големи грешки поради кои Ливерпул остана без титулата европски шампион, а некои не навивачи на црвените од Ливерпул не можат да се помират и праќаат морбидни пораки.

Лорис Кариус ги живее најлошите денови во својот живот после грешките во финалето од Лигата на шампионите.

Ќе ја убијам твојата девојка, се надевам дека целото семејство ќе ти почине, ова само се некои од морбидните и страшни коментари објавени на социјалните мрежи. Полицијата во Ливерпул поради овој случај покрена истрага.

-Вакви коментари на социјалните ги земаме максимално сериозно и секој кој ќе биде идентификуван ќе дојде на испитување, за британските медиуми изјави портпаролката на полицијата во Ливерпул.

Поголемиот дел од навивачите на Ливерпул после големите грешки му даде поддршка на германскиот голман, но не ги прифатија сите грешките во големото во Киев. Страшно е што Кариус добива закани по животот, сите се надеваат дека ова нема вака да продолжи.

Ако продолжат заканите, Кариус би можел лесно да го напушти Ливерпул. Поддршка тој доби од сите соиграчи, но прашање е каква ќе биде психичката состојба на Германецот по овој меч.

Коронавирус