вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Фудбал

Полицијата ги истражува заканите кон сопругата на Мајкл Оливер

Полицијата ги истражува заканите кон сопругата на Мајкл Оливер

Откако Би-Би-Си јави дека Луси, сопругата на судијата Мајкл Оливер, кој досуди контроверзен пенал во продолжението на натпреварот меѓу Реал Мадрид и Јувентус во Лигата на шампионите, добила бројни закани, полицијата соопшти дека ги истражува наводите оти неколку лица удирале на вратата на куќата на брачниот пар и извикувале разни навреди низ отворот за пошта.

Инаку, на социјалните мрежи бил објавен и мобилниот телефон на Луси каде ги добила заканите.

Луси Оливер добивала закани и преку социјалните мрежи.

Здружението на професионалните судии во Премиер лигата го поддржа Оливер и ги осуди навредите кон неговата сопруга.

Легендарниот голман на Јувентус, Џиџи Буфон по напреварот остро го критикуваше судијата и рече дека наместо срце има канта за ѓубре, а вчера посочи дека стои зад се што кажа.

Тој призна дека можеби малку претерал, но потенцираше дека 33-годишниот Оливер е млад за толку важен натпревар.