вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 163
home Фудбал

Пола македонска репрезентација нема да може да игра со Косово, ако не се одложи мечот!

Пола македонска репрезентација нема да може да игра со Косово, ако не се одложи мечот!

Повеќе од половина македонски репрезентативци не би можеле да играат против Косово, ако Европската фудбалска унија (УЕФА) не го одложи мечот, откако денеска министерот за здравство Венко Филипче објави дека задолжителен карантин од 14 дена има за секое лице кое ќе дојде не само од високо ризичните, туку и од средно ризичните земји зафатени со карантин.

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека е прогласена пандемија од коронавирус, поради ширењето на оваа болест низ целиот свет, а брзорастечкиот број на заболени ја примора Македонија да воведе сериозни мерки за заштита поради кои сите лица кои доаѓаат од опасни подрачја мора да одат во задолжителен карантин од 14 дена.

„Задолжителниот карантин е за сите што доаѓаат од високо и средно ризични подрачја. Ги ставивме во едно, зашто во многу земји со среден ризик, имаме информации дека има огромен број на тестирања, па бројките на заболени може брзо да се зголеми, а тие земји да станат од среден во висок ризик“, објасни Филипче.

Македонија – Косово закажан за 26 март на Националната Арена „Тодор Проески“ треба да се игра без гледачи, но Ффм денеска официјално поднесе барање за одложување на мечот, зашто нема да може да смета на фудбалери од Италија, како и Стефан Спировски од Израел поради мерките на оваа земја. Арно ама, бидејќи мерката задолжителен карантин важи за сите високо и средно ризични земји, тоа во пракса би значело дека Игор Ангеловски нема да може да смета на повеќе од половина фудбалери.

Ангеловски вообичаено избира 23 фудбалери за пресметките, а во моментов 12 играчи би требало да бидат во карантин од моментот кога ќе дојдат. Ако се вратат во земјава уште утре, тие автоматски би го пропуштиле мечот, што значи дека УЕФА сега ќе мора да реагира и да го одложи мечот, а веројатно после пандемијата прашање е дали на Стариот континент ќе се игра фудбал додека не стивне пандемијата.

Во моментов „загрозени“ поради задолжителен карантин се „шпанците“, Столе Димитриевски, Александар Трајковски и Енис Барди, потоа „италијанците“ Горан Пандев, Елиф Елмас и Илија Несторовски, како и Езгјан Алиоски (Лидс, Англија), Егзон Бејтулаи (Хелсинборг, Шведска), Ѓоко Зајков (Шарлоа, Белгија), Никола Ѓорѓев (Грасхоперс, Швајцарија), Влатко Стојановски (Ним, Франција), а и Стефан Спировски (Хапоел Тел Авив, Израел).

Сооглед дека никој не може предвреме да дојде, а до собирот закажан за 23 март има уште 11 дена, можно е според ширењето на вирусот уште низа земји од низок ризик да станат средно ризични, па и тие да би имале задолжителен карантин и практично Ангеловски, да нема фудбалери за избор, ако од Нион експресно не изреагираат.

Ова се земјите според министерството за здравство кои во овој момент се високоризични или средно ризични, ама од каде секое лице кое доаѓа в Македонија ќе мора до 14-дневен карантин.

Коронавирус