петок, 18. јуни 2021. Вести денес: 73
home Фудбал

Покетино: Разочарани сме по поразот од Сити

Покетино: Разочарани сме по поразот од Сити

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино беше разочаран по синоќешниот пораз (1:2) од Манчестер сити во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

– Видовме две различни полувремиња. Одигравме добро во првото полувреме. Создадовме шанси и заслужено поведовме, а по паузата Сити беше подобар. Головите што ги постигнаа беа случајни, но тие создадоа повеќе од нас. Разочарани сме од два примени гола. Тешко е да се прифати дека ова се случи во полуфиналето. Но, во второто полувреме Сити одигра постабилно. Не беше лесно да се справиме со нив. Дејствуваа малку поагресивно. Мора да верувате во фудбалот. Конфронтацијата ќе продолжи за шест дена. Мора да се обидеме да постигнеме голови на гости и да победиме. Секако, чувствуваме притисок, но треба да се обидеме, изјави Покетино.

Реваншот ќе се одржи на 4 мај во Манчестер.

ЕУРО 2020

Македонија