среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 214
home Фудбал

Покетино повторно ја објасни замената на Меси

Покетино повторно ја објасни замената на Меси

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино уште еднаш ја објасни причината зошто го заменил Меси на дуелот со Лион.

Покетино одлучи да го извади од игра Меси во 76-та минута, но Аргентинецот се налути и не се поздрави со тренерот.

Таа реакција крена голема прашина во медиумите, а Покетино објасни дека го извадил од игра бидејќи добил удар во левото колено.

-Клубот веќе објави за повредата на Меси, па сега се е јасно. Забележав дека тој го гледа коленото, а потоа доби удар во истото колено, па решив да го извадам од игра. Задоволни сме од начинот на кој играше, му недостигаше само гол. Сите големи шампиони сакаат постојано да бидат на терен, па ја разбирам неговата реакција, објасни Покетино.

Локални избори 2021