петок, 30. октомври 2020. Вести денес: 158
home Фудбал

Покетино побара од шефовите во Тотенхем квалитетни засилувања

Покетино побара од шефовите во Тотенхем квалитетни засилувања

Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Покетино го повика раководството на клубот да обезбеди средства за нови засилувања во текот на зимскиот период, за да може тимот да напредува и наредната сезона повторно да игра во Лигата на шампионите.

Летна селекција во составот на „петлите“ во пракса и немаше, бидејќи тимот не успеа да донесе ниту едно од имињата што ги сакаше, иако Аргентинецот располагаше со буџет да обезбеди нови играчи и пред оваа сезона.

Тимот моментно е четврти во табелата и се претставува одлично за своите стандарди, но на Аргентинецот му е јасно дека нема да биде лесно остварување на целта – тимот и оваа сезоната да заврши меѓу водечката четворка.

– Имаме потреба од нови засилувања во јануари, за да можеме да го освежиме тимот. Треба да го задржиме нивото, а дури и да го зголемине, но за таа цел ќе ни се потребни уште фудбалери со голема класа, изјави Покетино. (МИА)

Коронавирус