понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 64
home Фудбал

Покетино: Мбапе има проблем со глуждовите

Покетино: Мбапе има проблем со глуждовите

Напаѓалот на Пари Сент Жермен, Килијан Мбапе се здобил со повреда за време на синоќешниот дуел со Бриж во Лигата на шампиони.

Мбапе го напушти теренот во 51-та минута со болки во глуждот, а Покетино потврди дека се работи за повреда.

„Килијан има повреда на десниот глужд. Претходно имаше проблем и со левиот глужд. Ќе оди на дополнителни прегледи и ќе знаеме колку ќе отсуствува“, изјави Покетино.

Ѕвездениот тим на ПСЖ синоќа одигра само 1:1 на гостувањето кај Бриж.

Локални избори 2021